Дел од битолски Баир со децении нема вода ниту за пиење

Жителите од населбата „Петочна вода“ во Битола немаат вода ниту за пиење. Во таа населба има околу педесетина домаќинства кои со вода се снабдуваат од  една улична чешма.

Ова е децениски проблем, коишто не го реши ниту една политичка партија која беше на власт, велат жителите кои живеат таму.

Тие потенцираат дека ниту актуелната власт не изразува желба да го реши проблемот со водоснабдувањето во таа населба.

Фотографиите ни ги испрати, Геге Демировски.

Д. М.

This post is also available in: AlbanianEnglish