На ЦИВИЛ Фест успешна работилница за граѓанско новинарство

Во рамки на фестивалот #ЦИВИЛ ФЕСТ се одржа работилница за граѓанско новинарство во МКЦ, од 13 до 16 часот. На работилницата граѓаните се запознаа со основите на снимање, фотографирање и известување за сите проблеми што се дел од секојдневието на луѓето.

Проектот „Граѓански објектив“ е проект за транспарентни и одговорни политички процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, подигнување на свеста, граѓанско образование и активизам на граѓаните за човекови права, слобода на изразување, демократија и слободни избори.

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.

Д. М.

This post is also available in: AlbanianEnglish