ЦИВИЛ ги повикува граѓан(к)ите да снимаат и фотографираат неправилности!

ЦИВИЛ - Центар за слобода продолжува со низата иницијативи насловени „Барам одговор!“, каде граѓанските новинарки и новинари без страв прашуваат и бараат одговори од надлежните органи за одредени состојби и на тој начин можат да придонесат до некаква позитивна промена во општеството. 

Идејата е преку видео, или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање на политичар/политичарка или јавна личност, градоначалник/градоначалничка, институции (здравство, образование, полиција, труд и социјала…), буквално, на сите надлежни институции и лица кои сметаат дека треба да дадат одговор во однос на некое прашање кое ги засега. Видео снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали, а прашањето ќе биде адресирано до соодветната институција или јавна личност до кого е упатена.

Доколку граѓанските новинари сакаат да останат анонимни, има опција да се снима објект, таблата со името на некоја институција или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Фотографиите, видеата и прашањата пратете ги на фејсбук страницата на ЦИВИЛФејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected].

Прилозите во кои не се гледа ликот на авторката/авторот, се подразбира дека ќе бидат анонимни, а ЦИВИЛ нема да го открие идентитетот. Во секој случај, ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на поставувачот на прашањето, кои секако, нема да ги открие.

Приклучете се!

This post is also available in: English