Граѓанското новинарство ја освојува Струга

Бидете дел од милионската заедница на граѓански новинарки и новинари кои го менуваат лицето на медиумите, а со тоа и на општеството! ЦИВИЛ – Центар за слобода објавува: Дојде ред и на регионалниот семинар за граѓанско новинарство во Струга. Паметни, активни и храбри – тоа е краткиот опис за граѓанските новинарки и новинари насекаде во светот.

Семинарот ќе се одржи во 18 и 19 март 2017 (сабота и недела) во хотелот „Монтенегро“ со почеток во 11 часот, во сабота. Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струга, Охрид, Дебар, Центар Жупа, Кичево, Белчишта и Дебарца.

Ова е четврти семинар за граѓанско новинарство, по трите успешни семинари кои се одржаа во Битола, Велес и Струмица.

Иновативноста во методите на известување, ги става граѓанските новинарки и новинари на фронталната линија на објективното и навремено информирање за сопствените искуства и сведоштва и на тој начин придонесуваат кон пробивање на медиумскиот мрак во земјата без цензура и без страв.

Сите што се заинтересирани за учество во семинарот можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот на компјутер или на мобилен, што одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.

Трошоците за сместување и транспорт (за учесниците/учесничките од подалечните општини) ќе бидат покриени од ЦИВИЛ. За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, или да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.

За да останете во допир со содржините поврзани со проектот „Граѓански објектив“, лајкнете ја Фејсбук страницата и посетете ја веб страницатa Граѓански објектив.

Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: AlbanianEnglish