Биди дел од промената! Биди ЦИВИЛ!

Војо Цветановски

Постојано треба да се прават фестивали, настани или јавни собири од секаков вид. Без разлика дали станува збор за филмски, театарски, уличен или фестивал на граѓанскиот сектор. Ваквите собири имаат за задача да испратат силна порака за свесност, подигнување на моралот и одговорност во општеството.

И тука нема компромис!

На овогодинешниот ЦИВИЛ ФЕСТ, кој ќе се одржи во понеделник и вторник на 10 и 11 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во музичката програма ќе настапат алтернативните – вокално инструменталните состави од Скопје, „MAN IN A SUIT“, „TONAL“ и „BASIC TRIO“ на кои ќе им се отстапи сцената и кои својот граѓански крик низ авторската музика ќе го искажат токму тука на „ЦИВИЛ ФЕСТ“.

Man In a Suit е бенд оформен минатата година. Се состои од Дарио Циевски (тапани), Теодор Јефремовски (бас), Кирил Тројачанец (сакс), Филип Методиев (гитара), Дарко Медарски (гитара, вокал). Својот звук го опишуваат како меланхоличен, широк и урбан.

Музичката кариера на Tonal започнува одамна и добро познат на алтернативната сцена.

Во 2011 година потпишал договор со локална продукција, но бргу сфатил дека нема да ги добие посакуваните резултати и дека ќе биде втурнат во некој звук кој не е негов. Оттогаш тој сам работи на својата музика. Првиот самостоен настап го имал на 8 декември 2011 година во кафулето „Опера“.

Во мај 2013 година, Тонал започна со снимање песни за она што на крајот ќе стане негов деби соло рекорд. Тој напиша и сними песни во четири серии, менувајќи го својот пристап за секоја нова од песните.

Во јуни 2017 година тој го започна првиот дел од својата европска турнеја, промовиран како “Virtual Tears Tour” и почна да го снима својот прв долгометражен документарен филм “Phantasmagoria”. “Moonraker” беше објавен на 31-ви октомври на Дискотека Лазиалес во Рим за време на вториот дел од “Virtual Tears Tour”. Турнејата заврши во Берлин во јули 2018 година, каде што го сними својот прв жив албум со наслов “Live In Berlin”.

Basic Trio е бенд од тројца членови: Марко Трендафиловски на тапани, Оливер Јаниќијевиќ на гитара и Дарко Поповски на бас. Од овој бенд ќе имате можност да ги слушнете најпопуларните џез композиции кои своевремено се создадени од великани како: Thelonious Monk, Dizzy Gillespie, Sonny Rollins, Miles Davis и многу други. Ова скопско трио постои од 2017 година и зад себе има остварено повеќе настапи низ Скопје.

Одлуката да настапат алтернативни состави е од причина што алтернативниот пристап секогаш предничел кога е во прашање невладината „Цивил“ и сите оние кои се во, но, и околу истата, и од тие причини во овој сегмент од фестивалот овој израз ќе биде најзастапен, како кај бендовите, така и кај #CivilCrew, односно ДЏ – ите, кои под ова име ќе ги претстават своите дџ сетови во понеделник и вторник во МКЦ.

#CivilCrew, од кого дел се и DJ Angie, Dj X и други, направија пред сè квалитетна, но и обемна музичка плеј листа што ги отсликува децениските стремежи за човекови права и слободи низ светот, нешто што го пуштаа по улиците и јавните настани на ЦИВИЛ, на протестите и собирите, кога музиката беше дел од нивната порака и нивниот активизам.

Начинот на размислување да се биде алтернативен ќе продолжи со уште поголема динамика бидејки алтернативата всушност е одговорност, да се биде дежурното око на социјалното живеење во едно општество. Тоа, колку и да е обврска, толку е и задоволство. Живееш и размислуваш за подобро утре. За сите.

Овој фестивал си постави за цел да испрати силна порака до целокупното општество и тоа јасна, прецизна и недвосмислена: СЛОБОДА. ПРАВДА. ЕДНАКВОСТ.

Биди дел од промената. Биди ЦИВИЛ.