Награди за најуспешните граѓански новинарки и новинари

ЦИВИЛ – Центар за слобода во состав на проектот „Граѓански објектив“, во петок на 31 март, во хотелот „Сити Парк“, со почеток во 12:00 часот, ќе додели уште пет награди за граѓанско новинарство.

На церемонијата ќе се презентираат прилозите на граѓанските новинарки и новинари кои во изминатиот период, загрижени од политичката состојба во своите средини, но и на централно ниво, известуваа за поткуп, говор на омраза, црна капања, иселување на младите, злоупотреба на малолетниците, сиромаштија, притисоци врз вработените...

На церемонијата на која ЦИВИЛ ги поканува граѓанките и граѓаните, граѓанските активисти и медиумите, ќе биде најавен и Регионалниот семинар што ќе се одржи во Скопје на 8 и 9 април.

„Граѓански објектив“ ги следи најактуелните настани и процеси во земјата и наградува најуспешни прилози на граѓанските новинарки и новинари.

Проектот е посветен на промовирање одговорни и транспарентни политички процеси во Република Македонија, преку обуки за граѓанско новинарство, медиумска продукција и јакнење на јавната свест.

Веќе втора година, проектот го финансира National Endowment for Democracy.

Граѓанските новинарки и новинари можат да испраќаат прилози до ЦИВИЛ на онлајн формуларот на веб страницата Граѓански објектив.

This post is also available in: AlbanianEnglish