Африм Гаши со поддршка за консензуалниот кандидат

Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, преку својот Фејбукс профил најави дека ќе го поддржат кандидатот на владината коалиција и дека неговото име ќе се објави вечерва по состанокот на сите лидери од оваа коалиција.

„Само што ја завршив средбата со премиерот Заев и разговаравме за можноста за поддршка на еден заеднички кандидат. Ценејќи го фактот дека ова е прв пат кога поставуваме еден ваков стандард, политичките партии да разговарат меѓу себе пред да предложат име на кандидат, во име на партијата Алтернатива ја изразив нашата подготвеност да го поддржиме заедничкиот кандидат, кој ќе биде најдостоиствен застапник на мултиетничкото општество во Македонија. Сега веќе сме многу блиску до овој кандидат. Вечерва, на лидерска средба ќе го објавиме и конкретното име”, напиша Гаши.