Адвокатот Никола Тодоров сѐ уште „води“ политичка кампања во ИЕ 2

Политичката кампањата сѐ уште не е завршена за поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, кој беше носител на листа на Изборната единица 2, од редовите на политичката партија ВМРО - ДПМНЕ.

Неговиот огромен пропаганден постер сè уште стои  на една зграда која е во близина на плоштадот во Автокоманда. Предвремените парламентарни избори, се одржаа пред повеќе од половина година, на 11 декември 2016 година. Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, формираше нова влада, Тодоров си даде оставка од пратеничкото место, бидејќи, како што истакна - ќе се посветел на адвокатската кариера.

This post is also available in: AlbanianEnglish