Анкета: Политичарите направија народот да се подели и замрази

ЦИВИЛ Медиа ги праша граѓан(к)ите на Скопје како го оценуваат првиот дел од претседателската кампања и што очекуваат од вториот дел од кампањата. Поголемиот дел од анкетираните граѓани сметаат дека првиот дел од кампањата помина фер и демократски, додека помал дел од граѓаните сметаат дека недостасуваше искреност во јавните настапите и говорите на кандидатите.

„Првиот дел од кампањата помина коректно, но, во вториот дел очекувам малку позаострена кампања“, додека друг граѓанин вели: „Не очекувам да има заострена кампања, очекувам да има повторување“.

„Не сум задоволен од првиот дел од кампањата, бидејќи се одвиваше нереално и со измами, требаше да се покаже реалната слика како што народот моментално живее.  Политичарите направија народот да се замрази, дури и бракови се растурија заради политиката. Народот нема доверба во политичарите, во институциите, во системот, тоа е најтрагично. Политичарите ќе си тераат по старо, а ние, обичниот народ ќе страдаме“, вели еден граѓанин.

„Ние се одлучивме за европски вредности, но, менталитетот на европската заедница се градеше со години. Така и кај нас треба да помине време за да созрееме и да донесуваме прави решенија и одлуки. Ние треба да си ја знаеме историјата за да најдеме одговор. Секоја победа раѓа илузии, кога ќе победиш незначи дека се е завршено, е тоа е илузијата и така губиш“, нагласи еден граѓанин.

Дехран Муратов
Камера: Ангела Петровска
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Марија Вишинова