Граѓанските новинар(к)и порачаа: Ние сме медиумите!

Сторијата „Мини депонија кај велешкиот пазар“ на група граѓански новинарки и новинари – учесници на семинарот во Велес ја доби првата награда во последниот циклус на доделување награди за најдобрите граѓански новинари и новинарки. Сторијата ја направија Благојчо Костадинов, Јулија Николовска, Јован Јовановски, Рихад Реџепи и Делфина Јанева.

„Единствена надеж дека кај секоја индивидуа најверојатно ќе се покрене свеста за нештата, кај институциите дека ќе пројават интерес да се промени нешто во нашето секојдневие“, изјави граѓанската новинарка Јулија Николовска.

Граѓанската новинарка од Штип, Делфина Јанева се заблагодари на тимот на ЦИВИЛ за нивните заложби во промовирањето на граѓанското новинарство преку што имале можност да учествуваат на семинарот во Велес, да научат и да го применат тоа знаење на терен. Заедничката анкета, како што рече Јанева, заложби.

„Мојата порака е никогаш да не се плашите. Доколку забележите нерегуларност, дека нема слобода или постои некаква дискриминација, се соочите со некој проблем, барајте одговор од институциите. Ние сме медиумите и доколку не бараме одговор нема да направиме промени“, изјави Јанева.

Рихад Реџепи, граѓански новинар од Сарај, Скопје, изрази надеж дека проблемот со кој се соочуваат велешани, а е тема на нивната анкета, ќе наиде на позитивна реакција од локалната власт и дека по долго време целосно ќе се реши.

„Ние секогаш го негуваме начелото на анонимност. Доколку се плашите или едноставно не сакате да се појавите јавно, ние ќе ја заштитиме вашата приватност. Доколку имате проблем ние ќе се обидеме да ги истражиме сите правни можности за да го заштитиме вашето човеково право и слободи. Уште еднаш потсетувам дека сите сте повикани да учествувате и во изборниот мониторинг... Во однос на благодарноста на учесниците во проектот само ќе речам дека сè уште сте и ќе останете дел од проектот и од ЦИВИЛ“, изјави Џабир Дерала, претседател на организацијата, заблагодарувајќи им се на убавите зборови и поддршката што ја дадоа на целиот тим на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска (текст, фотографија, монтажа)

Камера: Дехран Муратов

This post is also available in: English

Leave a reply