Ново искуство со граѓанското новинарство во Штип

ЦИВИЛ организира уште еден голем семинар за граѓанско новинарство на 23 и 24  март во Штип. Бројот на учесници е ограничен на 25 учеснички и учесници, а право на учество имаат заинтересираните од Скопскиот, Вардарскиот, Североисточниот, Источниот и Југоисточниот плански регион.

На семинарот може да се пријават сите полнолетни граѓанки и граѓани. Сè што е потребно е добра волја, ентузијазам и смарт телефон. Задолжително е пријавување на апликацијата за учество што може да ја најдете на следниот ЛИНК. И овој пат, посебна комисија ќе ги верификува и одобрува пристигнатите апликации.

Дводневниот семинар за граѓанско новинарство ќе опфати теми што ќе им помогнат на сите идни граѓански новинарки и новинари да изградат вештини и да стекнат практични знаења од областа на новинарството, објективното и навременото информирање и известување, како и за придобивките на модерните технологии и комуникациски платформи. Учесниците ќе можат да се запознаат и со нови компоненти на проектот, преку кои е олеснето директното учество на сите заинтересирани во имплементацијата на проектот, дел од тимовите на медиумската платформа или во работата на ЦИВИЛ како организација, воопшто.

Семинар за граѓанско новинарство, Велес, февруари 2019 година, фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Од искуството на организацијата, познато е дека голем број членови на проектните тимови прво биле посетител(к)и на овие семинари. Како пример може да се посочи послендото доделување на награди за граѓанско новинарство, каде учесниците на исклучително успешниот регионален семинар во Велес (февруари 2019) добија две од петте награди (прва и четврта).

Битна компонента од проектот е „Медиуми на заедниците“, со која ќе се запознаат и учесниците во Штип, што има цел да формира два тима што ќе бидат финансиски поддржани од ЦИВИЛ да започнат свој блог или веб страница со информативни содржини за локалните настани. На тој начин, учеството на семинарот ќе биде и своевидна подготвителна селекција на најуспешните што ќе добијат можност да стартуваат свој медиумски проект.

За местото и точното време на започнување на дводневниот семинар дополнително ќе бидат информирани учесниците што ќе бидат селектирани за учество. Семинарот е бесплатен. Сите патни трошоци за учесниците ќе бидат покриени во висина на автобуски билет, трошоците за храна и сместување ќе ги покрие организацијата.

За повеќе информации, ЦИВИЛ ги повикува сите заинтересирани да постават прашање на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на Фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и, а секако да ја посетат и веб страницата на проектот „Граѓански објектив“ или пак, уште веднаш да станат дел од иницијативата #БарамОдговор.

#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа и за долгорочниот мониторинг на состојбата на човековите права и изборните процеси. Овој проект веќе четврта година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Б. Јордановска

 

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАР

This post is also available in: English

Leave a reply