Охис не работи но загадува...

До редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, граѓанскиот новинар Влатко Мишевски испрати фотографии од Охис.

Овие денови кога, загадувањето на воздухот во Скопје ги надминува светските рекорди, и покрај официјалните информации дека оваа фабрика со години не е во функција, во неа сепак се случуваат некакви активности.

Скопје, Охис, 22 јануари 2019

Фотографиите и видео материјалот сведочат дека внатре во зградата на Охис нешто се гори.

„Во фабриката веќе со месеци наназад има активности. Внатре се работи и се растура, се сече железо и кој знае што се гори. Дневно излегуваат по неколку камиони старо железо. Ова е секојдневна глетка“, вели Мишевски.

This post is also available in: Albanian English