Зошто „пајаците“ се плашат од „мерцедеси“?!

Анонимен граѓански новинар ни испрати фотографии во кои се гледа дека пајак службата не ја крена колата „мерцедес“ која била паркирана на тротоар во Скопје.

Пајак службата си заминува не го крева возилото паркирано на тротоар во Скопје

„Ова возило често е паркирано тука на тротоарот, спроти НЛБ Тутунска Банка, односно во близина на ЕУ Инфо-центар во Скопје. Пајак службата дојде да го земе возилото, но набрзо си заминаа празни. Веројатно возилото е на некој што пајак службата не смее да му го земе, односно може да паркира каде што сака“, додава анонимиот граѓански новинар.

Д.М.

This post is also available in: Albanian English