ЦИВИЛ во „јануарска офанзива“

ЦИВИЛ ќе ги интензивира своите теренски активности и ќе го засили тонот на своите пораки во јавноста. Следејќи ги состојбите на човековите права и слободи и начините на кои се спроведуваат политичките процеси во земјата, организацијата смета дека мора да се прошири и зајакне просторот за артикулирање на граѓанските барања. Постојните проекти и програмата на ЦИВИЛ веќе обезбедуваат широка рамка за дејствување и за учество на граѓанките и граѓаните, но таа определба се засилува уште повеќе од почетокот на оваа година.

Со почетокот на годината, започнаа активности за проширување на мрежата на соработнички и соработници на проектите на ЦИВИЛ. Подготвен е и планот за работилници, семинари, прес конференции и јавни настани што ќе се одржат во повеќе градови низ Македонија уште во јануари. На рутата на организацијата ќе се најдат Велес, Штип, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола и низа други низ цела Македонија. Теренските активности ќе бидат во контекст на утврдување на состојбите соодветно на програмата и проектите, но ќе послужат и како можност за вклучување на заинтересираните граѓанки и граѓани во работата на ЦИВИЛ.

Организацијата најавува промени и во обемот и динамиката на медиумската продукција во рамките на ЦИВИЛ МЕДИА. Воедно, се најавува и зајакнување на другите организациски единици и програмски линии како ЦИВИЛ АРТ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ЦИВИЛ ФЕМ и други.

 

(Фотографија од архивата на ЦИВИЛ: Штип, 11/01/2016)

Leave a reply