Петарди на секое ќоше!

Петарди, ракети и разни пиротехнички материјали се продаваат на скопските семафори, јавуваат анонимни граѓански новинари. Тие велат дека на семафорите кај „Мавровка“ секој ден има неколку (малолетни) лица кои продаваат петарди во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Министерствтото за внатрешни работи соопшти дека на подрачјето на СВР Скопје и СВР Битола во изминатите неколку дена успеале само кај две лица да пронајдат над 55.000 парчиња пиротехнички средства.

„Против двете лица ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, предвидено и казниво по член 396 од КЗ на РМ“, јавуваат од МВР.

Д.М.

This post is also available in: Albanian English