Муратов: Дури има луѓе што немаат вода за пиење, не можам да зборувам за човекови права

Дехран Муратов од ЦИВИЛ на отворањето на ЦИВИЛ Фест се осврна на една потресна приказна за Ромите од битолски Баир кои ги немаат основните услови за живот и чие секојдневие меѓудругото е и постојана борба за вода.

Низ призмата на оваа репортажа, Муратов го одбележа Меѓународниот ден на човековите права и 70 годишнината од Универзалната декларација за човекови права со заклучокот дека во Македонија сме далеку од тоа да зборуваме токму за фундаменталните права на луѓето.

„Ден на човекови права би требало да биде секој ден, а не само денешниот Ден на човекови права. Би се навратил на последната сторија што ја правевме за Ромите во Битола што немаат вода. И кога треба да зборуваме за човекови права јас првин помислувам на правото на вода… Затоа јас не знам за какви човекови права да зборувам кога тие луѓе го немаат основнот човеков право за вода“, изјави Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Текст и фотографија: Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети