Освен забава и дружење, на ЦИВИЛ ФЕСТ ќе има и учење

Во рамки на фестивалот #ЦИВИЛ ФЕСТ, се повикуваат сите храбри, енергични и талентирани граѓанки и граѓани кои имаат интерес и пасија за новинарство и активизмот за човековите права, да учествуваат на работилница за граѓанско новинарство на 11 декември (вторник) во МКЦ, од 13 до 16 часот.

ЦИВИЛ ги охрабрува сите заинтересирани да бидат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари, како и дел од промените во општеството, да станат дел и од проектот „Граѓански објектив“. На работилницата ќе имате можност да се запознаете со основите на снимање, фотографирање и известување за сите проблеми што се дел од секојдневието на луѓето.

На работилницата може да учествуваат сите, нема ограничувања по возраст, пол, стручна спрема, накратко - нема ограничувања по ниедна основа.

Проектот „Граѓански објектив“ е проект за транспарентни и одговорни политички процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, подигнување на свеста, граѓанско образование и активизам на граѓаните за човекови права, слобода на изразување, демократија и слободни избори.

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.

Д. Муратов

фотографија: Џабир Дерала (од семинарот за граѓанско новинарство во Штип, јули, 2018)

Leave a reply