Dancers United на ЦИВИЛ ФЕСТ

Светските шампиони, танчарите со Даунов синдром од танцовото студио Dancers United MK кои годинава го освоија првото место на Светското првенство во модерни танци Полска, ќе бидат дел од програмата на ЦИВИЛ ФЕСТ.

Танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски водени од Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска веќе 5 години рушат бариери и освојуваат европски и светски медали во различни категории, откако ги држат титулите Европски шампиони во латино шоу јуниори (деца со типичен развој) како и европски шампиони во повеќе пара категории.

Веднаш по обраќањата на амбасадорот на Европската Унија и активистките и активистите за човекови права на отворањето на ЦИВИЛ ФЕСТ, ќе настапат токму Dancers United MK и со тоа ќе го одбележат почетокот на овој мултимедијален хепенинг на ЦИВИЛ, кој се одржува по слоганот „Слобода-правда-еднаквост!“

Маја Ивановска

Leave a reply