ЦИВИЛ ФЕСТ за слобода, правда и еднаквост

Важно, многу е важно постојано да се прават фестивали, настани и јавни собири од секаков вид. Не е важно дали станува збор за филмски, театарски, уличен или фестивал на граѓанскиот сектор. Фестивалите се собири кои имаат за задача да испратат силна порака за свесност, подигање на моралот и одговорност во општеството. И тука нема компромиси!

Понеделник и вторник, 10 и 11 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се случи ЦИВИЛ ФЕСТ. 

Овој фестивал си постави за цел да испрати силна порака до целокупното општество и тоа јасна, прецизна и недвосмислена. Да викнеме најгласно: СЛОБОДА. ПРАВДА. ЕДНАКВОСТ.

Посетете не' во МКЦ и бидете дел од ЦИВИЛ ФЕСТ и во двата денови каде ќе има голем број на мултимедијални изложби и презентации, перформанси, работилници, видео проекции, концертни и диџејски настапи, пантомимиски точки, поетски читања...

Биди дел од промената. Биди ЦИВИЛ.

Leave a reply