Парцелата пред Мајчин дом се зголеми преку ноќ

Анонимен граѓански новинар испрати фотографии на кои се гледа дека се прошири парцелата кај Мајчин дом во Аеродром.

„Добро утро на сите, додека го шмркате утринското кафе само да ве известам дека парцелата пред Мајчин дом некако се зголеми преку ноќ и веќе успеа да навлезе на света земја. Имено, за оние новодоселените на местот на црквата порано имаше една од првите кафани во Дром. Ајде сега продолжете си да си го шмркате кафето и ако случајно се изнервирате и сакате да искочите да го искажете вашиот револт пишете ми ќе дојдам. И СТОП за политичари“, додава тој.

Градежно земјиште кај Мачин дом, 22.11.2018

Друг граѓанин иронично вели - Немој денес! Кога општината слави една година отвореност и исполнување на желбите на граѓаните... Не биди градоначалникохулник... А толку имаат сработено за нас аеродромци за да ни биде убаво и уште напорно работат... А ти дефокусираш тукa... Со безвезни работи за паркчето кај Mајчин дом... Па ќе ти посади општината 10 дрвца во дворот на Кардељ!“.

Дали се работи за големување на димензиите на објектот или, пак, за полесен пристап за работа очекуваме одговор од градоначалникот Златко Марин и инвеститорот.

Д. М.

This post is also available in: Albanian English