(Не)секојдневна глетка пред Клинички центар

Граѓанска новинарка која сака да остане анонимна, ни испрати фотографија, во која се гледа голем куп ѓубре пред еден подрум на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Фотографијата од граѓанската новинарка е од пред извесно време, но таа вели дека таква глетка има постојано на Клиничкиот центар во Скопје.

„Може овој месец да нема такво нешто, но друг месец би имало исто такво ѓубре на друго место на клиниката“, истакна таа.

Пред извесно време, средношколци од гимназијата во Ротердам (Холандија) го чистеа расфрланото ѓубре во паркчето пред Детската клиника на Клинички центар и заедно со своите професори работеа и на фарбање и украсување на спратовите во Детската клиника.

Граѓаните тој период на социјалните мрежи споделуваа фотографии од преполни контејнери, расфрлано ѓубре и медицински материјал низ целиот Клинички центар, пришто холандските средношколци згрозени од глетката решија да го исчистат и ѓубрето во дворот.

Останува прашањето, колку и до кога средношколци и студенти од странство ќе доаѓаат во Македонија за ни ги чистат ѓубрињата?

А. П. 

This post is also available in: English

Leave a reply