Дислокација на сообраќајниот хаос на Бит-Пазар

„Никнуваат „нови паркинзи“ додека градските власти се фалат дека е во завршна фаза реконструкцијата на тротоарите и уредувањето на такси-станицата на просторот кај Бит-Пазар“, вели анонимен граѓански новинар кој преку видео ја илустрираше фактичката состојба на Бит-пазар.

„Екипите на ЈП „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на уредувањето на овој простор и наскоро ќе се постават столпчињата и жардиниерите, ќе се засадат дрворедите и ќе се реконструираат и осветлат пасажите од булеварот кон чаршијата. Со уредувањето на овој простор, ќе се реши долгодишниот проблем со хаосот на овој потег кај Бит-пазар и ќе се овозможи нормалното одвивање на сообраќајот за сите учесници – пешаците, велосипедистите и возачите“, информираат од Град Скопје.

„На просторот кај „26 јули“ на Бит-Пазар досега никогаш немало паркирани автомобили, но откако Градот Скопје реши да ги избрка дивите тезгаџии за да постават дрва и клупи, одеднаш таа пешачка зона се претвори во паркинг место“, додава граѓанскиот новинар.