Гласно за промени!

Кога институциите затајуваат, а медиумите се под притисок, моќта и одговорноста да алармираат за неправдите и нефункционирањето на системот останува во рацете на одговорните граѓанки и граѓани.

Токму ова е целта на проектот Граѓански објектив што ЦИВИЛ трета година успешно го спроведува. Граѓанските новинарки и новинари ги изнесуваат на светлина и најмрачните стории од секојдневниот живот за кои државата нема слух.

Сторијата за младиот музичар Виктор Тошевски, мрачниот скандал во институциите надлежни за згрижување на деца и бездомници „25 мај“ и „Ранка Милановиќ“, проблемите во здравствотообразованиетоговорот на омразазлоупотреба на деца за политички цели и многу други теми се всушност стории на граѓански новинари кои успеаја да извршат притисок врз властите и институциите за итни реакции и справување со секојдневните проблеми на граѓаните.

Моќта за промени е во вашите раце! Затоа станете дел од заедницата на граѓански новинарки и новинари. Вашите фото и видео стории испраќајте ги на Фејсбук страницата на ЦИВИЛФејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и или на civil.macedonia@gmail.com.

Во тек се и семинарите и работилниците за граѓански новинари што ЦИВИЛ ги организира низ целата земја, па доколку досега не сте биле дел од нашите семинари и обуки за граѓански новинари ова е одлична можност да се пријавите за учество на истите.

Бидете промената што сакате да ја видите, бидете граѓански новинар!

This post is also available in: Albanian English