#БарамОдговор кога ќе се преземат мерки за безбедноста на пешаците во Штип?

Штип подолго време се мачи со регулација на сообраќајот. И покрај обидот за решавање на проблемот со паркирањето, сепак најидеалното решение на возачите остануваат тротоарите. 

Граѓанската новинарка од Штип ја искористи иницијатавата #БарамОдговор за да се обрати до локалната власт да преземе мерки за безбедноста во сообраќајот.

„Време е како надлежни органи за градот да преземете сооодветни мерки. Барам одговор од вас како ние, пешаците безбедно да се движиме по тротарите низ Штип?“, побара и очекува одговор граѓанската новинарка.

Во неможност да го постави прашањето во видео формат, со фотографии ја илустрираше состојбата во сообраќајот и ризикот за пешаците во Штип.

 

 

This post is also available in: Albanian English

Leave a reply