Семинар кој не се пропушта!

Граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува без страв и без услуги. Тие што сакаат да дознаат како паметните и храбрите можат да бидат успешни и видливи, треба да се пријават ТУКА на регионалниот семинар за граѓанско новинарство кој го организира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Семинарот ќе се одржи во Дом на млади - Штип, на 12 мај 2018 (сабота) од 11 до 16:30 часот.

Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Штип, Пробиштип, Радовиш, Виница, Кочани, Чешиново-Облешево, Карбинци. Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е дел од новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.

Пријавете се онлајн ТУКА или испратете основни податоци за вас на civil.macedonia@gmail.com. Заинтересираните се повикани, во комуникацијата со ЦИВИЛ, на најмногу 10 реда, накратко да ги опишат своите вештини и да изразат подготвеност за учество на семинарот и во понатамошните активности на ЦИВИЛ.

Заинтересираните се повикани да останат во допир со содржините поврзани со проектот и да ја лајкнат Фејсбук страницата Граѓански новинари на Македонија.

Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно набљудување на состојбите на човековите права и слободи, а особено на практикувањето на власта. Овој проект веќе трета година ги поттикнува и развива граѓанското новинарство и слободата на изразувањето.

Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

ЦИВИЛ неодамна ја објави втората публикација „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian English

Leave a reply