Протест во Мала Речица против отварање на казино

Со транспаренти „Казиното не носи среќа, туку несреќа“, „Без да се затвори казиното, нема да се отвори границата“, „Доста ја деградирате младината“, „На Тетово му треба јавен превоз, а не казино“, „Погрешна инвестиција, во погрешно време, на погрешно место“, денеска стотина граѓан(к)и протестираа против отворањето на казиното во Мала Речица, околу 14 часот, пишува граѓански новинар кој сака да остане анонимен.

Протестот го организира Локалната заедница на Мала Речица, а говореле професорот Лулзим Муртезани и имамот Нухи Гании.

Психологот Муртезани ја објасни штетата што ја предизвикуваат казина во животот на младите луѓе и семејствата на тие кои посетуваат игри на среќа.

Имамот Гании нагласи дека казината се против исламсаката религија.

Поддршка на протестот даде и ректорот на Тетовскиот Универзитет, Вулнет Ахмети, кој истакна дека на младите им требаат библиотеки, а не казина.