Голем интерес за граѓанското новинарство во Прилеп

ЦИВИЛ-Центар за слобода организираше уште еден успешен семинар за граѓанско новинарство на кој учествуваа заинтересирани граѓанки и граѓани, млади новинарки и новинари и претставници на граѓанските организации од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Демир Хисар.

Во одлична атмосфера и интеракција со тимот на ЦИВИЛ учесниците имаа можност да се запознаат со граѓанското новинарство и неговото влијание на општествените промени. Исто така, преку  практични примери  се запознаа и со конкретните активности во проектот „Граѓански објектив“.

Учесниците на семинарот во Прилеп споделија и свои ставов, идеи и предлози како би можеле да ги применат практичните знаења и технолошките придобивки на модерното време во навремено и  објективно информирање преку фото или видео стории.

Поттикнати од новите сознанија тие споделија и примери каде и како би можеле позитивно да влијаат на позитивни општествени промени на локално ниво.

Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.

 

This post is also available in: Albanian English