Уште еден успешен семинар во Велес

Претставници на граѓански организации, млади новинар(к)и, правници и заинтересирани граѓан(к)и од Велес, Чашка, Лозово, Градско и Неготино беа дел од семинарот за граѓанско новинарство во Велес кој го организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Како граѓанското новинарство го промени светот и како може да придонесе кон транспарентни и одговорни процеси во заедниците, општините и целото општество? – беа дел од прашањата на кои тимот на ЦИВИЛ се обиде да одговори на овој динамичен и интерактивен семинар. Учесничките и учесниците на семинарот имаа можност да се запознаат со проектот „Граѓански објектив“ и да се стекнат со практични знаења од областа на новинарството, медиумската писменост и граѓанското учество.

Учесничките и учесниците на семинарот во Велес споделија информации и искуства за животот и предизвиците во оваа општините Велес, Чашка, Лозово, Градско и Неготино. По овој семинар, ЦИВИЛ очекува повеќе одлични стории од овие општини кои ќе придонесат кон позитивни промени и разобличување на лошите практики во институциите.

Следниот семинар за граѓански новинари на ЦИВИЛ ќе се одржи во Прилеп на 28 април. Сите заинтресирани за учество може да се пријават на повикот.

This post is also available in: Albanian English