Музиката на Виктор ги буди институциите

 

Сторијата на ЦИВИЛ Медиа за Виктор Тошевски која предизвика жестоки реакции во јавноста, допре и до училиштето на Виктор.

Неговата приказна е уште еден доказ дека притисоците на јавноста мора да продолжат да ги будат заспаните институции во ова хендикепирано општество.

Тошевски, по објавувањето на сторијата на ЦИВИЛ Медиа, од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, Виктор доби нов преносен компјутер, а според зборовите на неговата мајка во тек е изнаоѓање на решение за неговиот превоз. Виктор ја ужива поддршката на своите професори и соученици.

Овој потег на училиштето е за пофалба. Но, борбата на ова семејство нема и не смее да запре тука. Се надеваме дека оваа приказна ќе ги разбуди сите инстиуции кои се должни да обезбедат подеднакви услови за Виктор и сите останати ученици кои освен со секојневните потешкотии истовремено се соочуваат со хендикепот на општеството во кое живеат.