ПРИКЛУЧИ СЕ НА ЦИВИЛ МЛАДИ

ЦИВИЛ Млади е во потрага по петмина млади активисти, волонтери, на возраст од 16 до 19 години кои се мотивирани да се приклучат во тимот.

Имаме три категории во рубриката ЦИВИЛ Млади:

  1. „Јас мислам“ (колумни, лични ставови и интервијуа) – поттик младите критички да ги согледуваат општествените и политичките проблеми, да градат и искажуваат лично мислење за нив.
  2. „Јас посетувам“ (репортажи и најави за културни настани) – културно катче кое што ќе ни овозможи увид во едукативните и забавните настани во Скопје.
  3. „Јас известувам“ (граѓанско новинарство) – Биди новинар. Излези на улица. Детектирај ги проблемите. Известувај и промени го општеството!

Сите заинтерсирани можат да го пополнат онлајн формуралот ТУКА.

Повикот трае до  9 април 2018 (понеделник), а за селекцијата ќе бидете известени најдоцна до 12 април.

Тимот на Цивил Млади Ви посакува среќа.