Што ќе преземе градоначалничката на Битола за легализација на домовите на Ромите во градот?

Граѓански новинар од Битола со прашање до градоначалничката.

„Битолската ромска заедница низ децении се соочува со огромен проблем, легализација на дивата населба ‘Петочна вода’“, вели граѓанскиот новинар.

„Жителите од оваа населба не поседуваат имотни листови за своите домови, па како резултат на тоа не се во можност да добијат лична карта согласно новиот закон. Во повеќе наврати претставници на битолската ромска заедница упатија прашање до поранешниот градоначалник на општина Битола, но тој немаше слух за овој проблем, со изговор дека оваа населба се наоѓа во зелен појас на град Битола.

Упатувам прашање до градоначалничката на општина Битола кои конкретни мерки ќе ги преземе за кончено решавање на овој проблем?“, прашува тој.

This post is also available in: Albanian English