Првите граѓански новинар(к)и од новата генерација на ЦИВИЛ веќе снимаат!

„Учествуваме, набљудуваме, известуваме“ е слоганот на новата серија регионални семинари за граѓанско новинарство кои ЦИВИЛ ги организира во третата година од спроведувањето на проектот Граѓански објектив. Првиот семинар од новата серија се одржа на 18 ноември во Скопје. Учесничките и учесниците на семинарот се запознаа со светот на медиумите, за влијанието на граѓанското новинарство во светот и кај нас. Семинарот вклучува и практична настава со основи за снимање и работа на терен со подготовка на видео прилози. Тие се веќе активни на теренот и снимаат!

Од сесијата „Основи на снимањето со камера“ со Атанас Петровски

Проектот е посветен на транспарентни и одговорни политички процеси преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство. Граѓанското новинарство има исклучително значење во општеството како алатка преку која се поттикнува транспарентноста и одговорноста на институциите и носителите на одлуки на локално и национално ниво.

Проектот, исто така, придонесува кон јакнењето на јавната свест, граѓанската едукација и активизмот на граѓанките и граѓаните кои се залагаат за почитување на човековите права, слободата на изразувањето, демократијата и слободните избори.
Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian English