Партиски потпис за 150 денари!

Македонскатa обединета реформска опција - Работничка партија во Велес, за потпис на граѓанките и граѓаните на Велес им нуди по 150 денари.

Во видеото кое ни го испрати граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен се слуша како еден од организаторите на собирањето потписи, му дава пари на граѓанскиот новинар, велејќи му дека тоа е само симболична сума и мотивирајќи го да донесе уште повеќе луѓе, „брат, сестра, мајка, татко, роднини и пријатели, донеси кого имаш, за секого по 150 денари“.
Според граѓанскиот новинар, собирањето потписи се случува во канцеларијата на нотарката Елена Мартинова во Велес, каде претежно доведуваат Роми, се скенираат нивните лични карти и откако некој од организаторите ќе ги внесе нивните податоци на формулар им се даваат само да се потпишат. Нивниот потпис според основачите на МОРО-РП е вреден 150 денари.

 

 

This post is also available in: Albanian English