Презентација на граѓанското новинарство во центарот на Скопје

Во пресрет на работилницата за граѓанско новинарство на 19 јули во Скопје, ЦИВИЛ - Центар за слобода денеска кај пролазот Палета го промовираше проектот „Граѓански објектив“.

Сите заинтересирани граѓанки и граѓани на инфо штандот можеа да се информираат и за начинот на пријавување на работилницата. Тимот на ЦИВИЛ беше на располагање за сите подетални информации и прашања за работилницата, проектот и активностите на граѓанските новинарки и новинари.

Тимот на ЦИВИЛ ги потикна граѓанките и граѓаните активно да се вклучат во одлуките  што можат да влијаат на општествените и политичите промени на локално и централно ниво, а во интерес на јавноста.

За потсетување, сите заинтересирани за работилницата можат да се пријават преку пополнување на онлајн формулар  или преку електронската адреса civil.macedonia@gmail.com, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на работилницата.

За дополнителни информации можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на civil.macedonia@gmail.com или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.

За повеќе содржини поврзани со проектот и  активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.

Граѓанското новинарство е нов бран на медиумската слобода што го промовира објективното и нецензурарано информирање ширум светот користејќи ги технолошките придобивки допирајќи до јавноста преку интернет и социјалните мрежи побргу од традиционалните медиуми.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian English