Соблазнителни фотографии од штипската болница

Состојбата во македонското здравство е далеку од идеална, а условите во кои работат болниците и третманот и грижата кон пациентите, изминтатите години често беше повод граѓанките и граѓаните својот револт да го насочат кон Министерството за здравство.

Граѓански новинар кој сака да остане анонимен, до Цивил – Центар за слобода испрати фотографии  што сведочат за катастрофалната состојба на Одделот за физикална терапија во Клиничката болница во Штип.

Фотографиите биле објавени на Фејсбук страницата Штипска Идила, а граѓанскиот новинар известува дека и покрај обидите да се апелира за реновирање на овој оддел, не се преземени никакви мерки.

Одговорноста се бара кај директорот, но се повикува и самиот медицински персонал што работи на Физикална терапија – „штипскиот Чернобил“, како што ја нарече граѓанскиот новинар во нашиот разговор, конечно да го кренат гласот за санирање на Одделот и подобрување на работните услови кои нема да ги загрозуваат животите на пациентите.

This post is also available in: Albanian English