Младите гостиварчан(к)и подготвени за граѓанското новинарство

На денешната работилница за граѓанско новинарство неколку млади гостиварчан(к)и имаа можност да се запознаат со граѓанското новинарство и да согледаат како на поинаков и попрактичен начин да се активираат во борбата за вистината и за подобрување на медиумскиот простор.

ЦИВИЛ - Центар за слобода преку дијалог со учесниците на работилницата во Гостивар успеа да го доближи граѓанското новинарство до нив. Преку практични примери што предизвикале општествени и политички промени, младите гостиварчан(к)и имаа шанса да чујат и да разговараат со претставниците на ЦИВИЛ како со сопствената активност можат да влијааат со нивното активно учество на локално и национално ниво.

По теоретскиот дел учесниците ќе имаат шанса и за практична работа во Гостивар и да ги применат технолошките придобивки за подготовка на видео и фото прилози, како и на анкети за актуелни локални проблеми.

На заинтересираните активни граѓанки и граѓани, на располагање им стојат повеќе ресурси за обука во областа на граѓанското новинарство, како што се веб-страницата Граѓански објектив и Фејсбук страницата Грѓански новинар(к)и на Македонија.

Работилницата е дел од проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.

 

This post is also available in: Albanian English