Граѓанското новинарство со јавна промоција и работилница во Гостивар

 

Граѓанското новинарство, како нов и иновативен начин во борбата за слободата на информирање и известување, преку видео-проекции, музика и разговори со граѓанките и граѓаните, ЦИВИЛ - Центар за слобода ќе го промовира утре, на 9 јуни, на Градскиот плоштад во Гостивар, со почеток во 19:30.

Претходно, десетина заинтересирани гостиварчанки и гостиварчани ќе имаат можност да бидат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари, преку интерактивната работилница за граѓанското новинарство.

По теоретскиот дел од обуката  граѓанските новинари ќе имаат практична работа со снимање видео стории, фотографирање, правење анкети…, по што следува евалуација на нивната работа.

ЦИВИЛ ги поканува сите заинтересирани грѓанки и граѓани да земат активно учество во креирање на политичките и општествените промени на локално и централно ниво.

Тимот на ЦИВИЛ на јавниот настан ќе биде достапен за сите прашања на присутните, а воедно ќе можат да се запознаат со условите за учество во наградните циклуси за граѓанско новинарство, но и одблиску да се запознаат со активностите на ЦИВИЛ во проектот „Граѓански објектив“.

За повеќе содржини поврзани со проектот и  активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб-страницатa www.clp.mk.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian English