ЦИВИЛ наградува!

ЦИВИЛ доделува пет награди за граѓанско новинарство, в среда, 31 мај, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.
На церемонијата ќе се презентираат најуспешните прилози на граѓанските новинарки и новинари кои беа испратени во изминатите два месеци.

Овој проект ги следи најактуелните настани и процеси во земјата и наградува најуспешни прилози на граѓанските новинарки и новинари.

Проектот е посветен на промовирање одговорни и транспарентни политички процеси во Република Македонија, преку обуки за граѓанско новинарство, медиумска продукција и јакнење на јавната свест. Веќе втора година, проектот го финансира National Endowment for Democracy.

Граѓанските новинарки и новинари можат да испраќаат прилози до ЦИВИЛ на онлајн формуларот на веб страницата Граѓански објектив.

This post is also available in: Albanian English