Младите на Штип спремни за освојување на медиумскиот простор

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа работилница за граѓанско новинарство за десетина млади, вчера во Штип.

Учесниците на работилницата имаа можност да се запознаат со предностите на граѓанското новинарство, како поинаков начин на освојување на медиумскиот простор кој овозможува навремено и објективно информирање на јавноста.

Преку интерактивните предавања на дел од тимот на ЦИВИЛ, граѓанските новинари  научија како активно да влијаат на општествените промени во својата средина. Преку обуката за полесно користење на технолошките алатки на новото време за фотографирање, снимање видео прилози и правење анкети, граѓанските новинари имаат можност не само да информираат за состојбите на локално ниво, туку и да иницираат конкретни акции кај надлежните структури за решавање на проблемите со кои граѓаните се соочуваат.

На заинтересираните активни граѓанки и граѓани на располагање им стојат повеќе ресурси за обука во областа на граѓанското новинарство, како што се веб страницата Граѓански објектив и Фејсбук страницата Грѓански новинар(к)и на Македонија.

Работилницата е дел од проектот Граѓански објектив е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian English