Штипјани во новинарска акција

ЦИВИЛ  - Центар за слобода ги повикува штипјанки и штипјани да се пријават на работилницата за граѓански новинари која ќе се одржи на 10 мај од 12 до 16 часот во Штип и активно да влијаат врз општествените промени на локално и национално ниво. По успешниот семинар за граѓански новинари кој се одржа во март, ЦИВИЛ повторно организира работилница за уште десетина заинтересирани граѓанки и граѓани.

По теоретскиот дел од обуката  граѓанските новинари ќе имаат практична работа со снимање видео стории, фотографирање, правење анкети… по што следува евалуација на нивната работа.

Бројот учесници не е ограничен. Сите заинтересирани граѓанки и граѓани можат да се пријават преку пополнување на онлајн формулар  или преку електронската адреса civil.macedonia@gmail.com, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.

За допонителни информации  заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на civil.macedonia@gmail.com или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.

За повеќе содржини поврзани со проектот и  активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.

Граѓанското новинарство е нов бран на медиумската слобода што го промовира објективното и нецензурарано информирање ширум светот користејќи ги технолошките придобивки допирајќи до јавноста преку интернет и социјалните мрежи побргу од традиционалните медиуми.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: Albanian English