Граѓански објектив во старата Скопска чаршија

Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, денеска, постави инфо-штанд на влезот на старата скопска чаршија на кој граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со идејата за граѓанското новинарство, како и да се пријават за учество на претстојниот семинар за граѓански новинари во Скопје кој ќе се одржи на 22 и 23 април. 

Заинтересираните случајни минувачи имаа можност да разговараат со тимот, да ги искажат своите согледувања како и да дадат препораки за подобро информирање на населението за општествените состојби.

ЦИВИЛ - Центар за слобода веќе година ипол работи на подигање на свеста кај граѓаните за можноста да учествуваат и да помогнат во објективното и навремено информирање на граѓаните за прашања кои се од огромна важност за сите. Во време кога медиумите во Македонија заземаат страни и нивното информирање се сведува на пропаганди, граѓанското новинарство како во светот така и во земјата зема се поголем замав.

Сите оние кои се заинтересирани за учество на скопскиот семинар може да се пријават на онлајн формуларот.

This post is also available in: Albanian English