Граѓански објектив поблиску до граѓан(к)ите

ЦИВИЛ - Центар за слобода денеска во центарот на Скопје постави инфо штанд на кој граѓанките и граѓаните можеа да се запознаат со идејата за граѓанското новинарство.

На штандот тие имаа можност и да се запознаат со досегашната работа на полето на граѓанското новинарство што изминативе година ипол ЦИВИЛ успешно ја спроведува. Дел од граѓаните кои беа заинтересирани имаа можност да се пријават за претстојниот семинар во Скопје, кој ќе се одржи на 22 и 23 април во хотелот Сити Парк.

Утре тимот на ЦИВИЛ ќе постави инфо-штанд на платото пред Универзитетот на Југоисточна Европа (поранешна стоковна куќа Мост).

This post is also available in: Albanian English